Одберете си срцеста плетка и добијте љубовна прегратка, овој петок (14.февруари), на веселото дружење по повод денот на љубовта и виното од 15 до 17 часот во ГТЦ.
,,Срцести плетки за љубовни прегратки’’ е настан во организација на ,,Млади за љубов’’, кои ги сплетоа срцата и дланките, и ве канат на двојна прослава во метрополата, во чест на најљубовниот празник во годината. На љубовното мени на ведрите гушкачи и овојпат има безброј топли прегратки за дарување, но и многу слатки изненадувања за вљубените. Специјално за оваа пригода, подготвија рачно изработени плетки инспирирани од симболот на љубовта, кои може да се прикачат и носат како ланче, привезок, како украс на омиленото перниче или фустан, или, пак, едноставно да шират љубов во некое катче од домот. Прекрасни плетени срца – за подарок од срце на саканите.
Некогаш, подобро е љубовта да ја спакувате во прегратка, отколку во зборови.
Повелете на убава дружба, за заедничко споделување на љубовта и прегратките!