5

Со низата паметни решенија, оваа мала тиркизна кујна е  пример за убаво и функционално катче во домот, каде секој минат миг е задоволство и покрај минијатурната површина. Тиркизно сината боја му дава светол, пријатен и примамлив амбиент на ентериерот, дочекувајќи со позитивна енергија при секое влегување во кујната. Со креативни решенија за заштеда на простор, екипирана е со сите неопходни елементи, рационално искористувајќи го секој слободен простор од малата површина. Едно од нив е изборот на мали и светли столчиња, кои лесно е да се скријат под масата тогаш кога се непотребни. Светлите тиркизно сини и зелени акценти на деталите, пак, овозможуваат максимално да се нагласи оптимистичниот светол тон, давајќи му ведрина на секој метар квадратен. Модерен германски дизајн, со комбинација на дрвени елементи, бели отворени полици, малку зеленило за свежа нота, и многу весели украси кои ја разигруваат и прават неодоливо привлечна оваа малечка кујнска оаза. Инспирирајте се!

1

2

3

4

6
7

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВистинска љубовна приказна од Кина
Следна објаваМодна илустрација со листови
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР