Софистицирана, а во исто време драматична, заводлива и многу смела, корално црвената е боја која лесно создава целосна трансформација на ентериерот. Популарните нијанси се движат од мат портокалова, преку интензивна боја на праска, па сè до самата корално црвена. Сите овие тонови предизвикуваат драматичен налет, внесувајќи многу енергија во просторот и исполнувајќи го со живост. Исклучитено погодна е за комбинирање, и одлично се согласува со белата боја, кремастите тонови, сите нијанси на кафена и црната боја. Оние кои сакаат малку похрабри промени во амбиентот, може да ја искомбинираат и со сивата, жолтата  боја и сините нијанси.

Перници, кревет, декорација на масата, апарати од домаќинството, софа, тепих, бојадисан ѕид, или комплетен ентериер во оваа нијанса – корално црвената е оптимистична и топла, па не се потребни посебни напори за да се нагласи нејзиниот акцент во домот. Светла и весела, убава и нежна, а во исто време драматична, нијансата на корално црвената лесно се истакнува во просторот, и со само неколку детали создава ефект на интензивен и модерен дом.

За свеж изглед се препорачува комбинација на коралната со неутралните тонови. За понеобичен изглед идеален е плафон во оваа нијанса или обоена рамка на прозорците. За модерна спална соба едноставно решение е корално црвен детал на креветот или над него, додека кујната во овие тонови е топла и совршена оаза за готвење.

За поавтентичен изглед на ентериерот, при изборот на дезени, текстури и детали, одлично решение се токму оние со корални мотиви, или, пак вметнувањето корални украси и корали како декор, кои не само што совршено ќе се вклопат, туку и целосно ќе ја внесат  коралната магија и свежината на океанот во домот.

Сите ентериери уредени во минималистички стил, или оние кои изобилуваат со монохроматски нијанси, исто така можат да поседуваат корална нота во дизајнот. Многу е едноставно: може да се користи малку, или колку и да се сака, по желба. Во продолжение, неколку убави идеи со корално црвена инспирација за уредување на домот.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваБегалци фотографирани со она што го поседуваат
Следна објаваVivienne Westwood | есен/зима ’13/’14
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ