001Комбинацијата на бели, црни и златни тонови е секогаш добитна варијанта за постигнување елегантен, префинет и помалку лукзузен изглед на ентериерот. Одличен пример за тоа е станот на Danielle Moss – младата дизајнерка, фотографка, блогерка и уредничка на The Everygirl, чија љубов кон уредувањето е и повеќе од воочлива во начинот на кој е стилизиран нејзиниот шармантен дом во Чикаго. Воедно, тоа е и просторот во кој ги остварува своите работни обврски, минувајќи го поголемиот дел од денот во него, па затоа, истиот, покрај тоа што е естетски уреден, е и исклучително функционално организиран за таа намена. Единствена придружба со која го споделува засега e нејзиниот симпатичен миленик – кученцето Buddy. Чист, женствен и неутрален, со спој на малку рустика и модерен дизајн, но и гламурозна нота, поради златните допири кои се присутни во секој простор. Вака во неколку збора може да се опише стилот на овој несекојдневно убав дом, каде сè е смирено, уредно и едноставно, а сепак толку инспиративно и весело. Белата и сивата боја, заедно со црните акценти, се тоновите кои доминираат во ентериерот и се изборот за основа на ѕидовите и мебелот, а суптилно се надополнети од колоритноста и нежните нијанси на уметничките слики и дезените на деталите. За личниот печат на дизајнерката најмногу сведочат декорациите одбрани со многу вкус, почнувајќи од златните украси и цветните аранжмани, па сè до ѕидните декорации и романтичните амбиентални свеќи.

01

002 00307

06

04

004

005 007

008

010

009

011

013

012

014 015 016

017

31

020

018

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Поглед од Македониумот
Следна објаваЕнтериер од зборови | Thomas Broome
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ