Cara Delevingne (родена 8.1992) е британски модел, внука на познат англиски престолонаследник Sir Jocelyn Stevens. Со моделство започнала во 2009та година, како дел од Storm model management и од тогаш работи за сите најпознати дизајнерски куќи како Jason Wu, Preen by Thornton Bregazzi, Stella McCartney, Oscar de la Renta, DKNY и други.
Во 2012та беше дел од скоро сите ревии во Њујорк, Милано, Лондон и Париз. Била заштитно лице за Burberry, Chanel и Zara, ги красела насловните на Vogue UK, Vogue Korea, i-D, Russh, Jalouse и пролетното издание за ’13 на Style.com.
Надвор од пистата ги освојува симпатиите со својот лежерен том-бој стил. Моментално е заштитно лице за H&M Divided, Chanel’s Resort 2013, а беше дел и од шоуто на Victoria’s Secret. Во филмот „Anna Karenina“ го имаше своето актерско деби со мала улога како Принцезата Сорокина.
Препознатлива е по темните дебели веѓи. На листата на 50те најдобри модели во светот се наоѓа на 17то место, а во 2012та година беше прогласена за „Модел на годината“ на Британските модни награди.