Денешното креативно катче го посветуваме на мини проект како старите и употребени конзерви од секојдневието да ги претворите во извонреден декор за вашиот дом. Дадете му романтичен тон на вашиот двор, во пресрет на убавите топли денови, идеални за седенки и коктел забави во градината. Со малку труд и време, минимум ,,занаетчиски” вештини и материјали, од неупотреблива конзерва можете да создадете преубав детал, со функционална намена.

XX1

Потребно ви е:
– Стари конзерви (празни и исчистени, во било која големина)
– Чекан
– Клинци
– Лист хартија, молив, самолеплива лента и ножици (доколку планирате да користите однапред подготвена шема)
– Спреј во боја или перманентни маркери (по желба)
– Декоративни свеќички
– Жица (доколку ги закачувате во градината)
– Крпа

XX2

Начин на изработка:

Од старите конзерви отстранете ги налепниците и остатоците од лепак, а потоа исчистете ги добро. Наполнете ги со вода и оставете ги во замрзнувач, една вечер, додека водата целосно не замрзне. Ваквиот чекор го спречува искривувањето на конзервите во наредната фаза. Со чекан и клинец направете отвори на конзервата, со големина, број и дизајн по желба, произволно, или, пак со претходно направена шема на лист хартија. Каков и да биде вашиот избор, нема да изостане убавиот ефект. Кога ќе завршите со длабењето отвори, отстранете го мразот,  избришете ја конзервата со сува крпа, и додате ја жицата за прикачување. Последниот чекор е украсувањето, кое можете да го постигнете со бојадисување со спреј или перманентни маркери, и вметнување декоративна свеќичка во внатрешноста. Вашиот нов романтичен фенер е подготвен да блесне во градината.

6786786

676867878

240170232

76787678686

689778799

667867687

768768768

868767878

678876878

8766868

78676786

76576868

99789678

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЛифт на полица | Sallie Trout
Следна објаваЗабавен и креативен пар | Casey Grim & Adam McLaughlin
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ