Добро познати фотографии и добро позната парола со која се идентификува секоја жена кога ќе се среди од глава до пети: но, ретко кој знае дека истата оваа кампања е дел од Wallis рекламата. Wallis претставува инспиративен примерок на високата мода, бренд кој потекнува од Британија со фамозната „Dressed to Kill“ реплика, која влече корени уште од далечната 1998 година. Рекламен материјал кој ќе Ви го одземе здивот – на момците ќе им го потврди веќе постоечкиот императив и закани, додека на девојките дополнително ќе им го потхрани егото…