Едноставен проект, за кој е потребно само мало внимание и никаква вештина. Според вашиот стил или пригода одберете која од овие 4 варијанти да ја направите.
Потребни ви се:
– пластична шнола за коса како чешел
– конци/тенка волница во бои по избор (слика 1)
– ножици (слика 1, 2, 3)
– парчиња материјал по избор (слика 3)
– нитни по избор (слика 4)
– лепак (слика 4)
Меѓу првите два запци од шнолата врзете го конецот/волницата/парчето материјал и почнете да го намотувате околу горната лента на чешелот. Кога ќе завршите со саканата боја, заврзете и врзете нова, притоа покривајќи го јазолот со нов слој намотан конец/волница.
Доколку работите со парчиња материјал врзете ги сите одеднаш меѓу првите два запци од шнолата, како на фотографијата подолу. На крај направете јазол и сецнете ги остатоците.
Нитните само залепете ги на шнолата, почекајте да се исуши и е подготвена за носење.
Доколку имате други варијанти како да се разубави една обична пластична шнола, пратете ни ги, со задоволство ќе ги објавиме. Бидете креативни!