01

Париз, Лондон, Барселона, Лос Анџелес, Сиднеј, Пекинг и Ванкувер – седум светски градови спакувани во исто толку убави и едукативни видео разгледници. EF International Language Centers во соработка со режисерот Gustav Johansson, создадоа седум креативни видеа за љубопитните трагачи по нови искуства. Основна цел им е да им ги доближат странските јазици и културата на живеењето во овие градови на сите вљубеници во патувањата. Преку двеминутни видео прошетки до секој од нив, ќе се запознаете со најубавите сцени и ритамот во кој пулсираат метрополите, а ќе имате можност и да научите некој странски збор повеќе. Уживајте!

Париз

Лондон

Барселона

Лос Анџелес

Сиднеј

Пекинг

Ванкувер

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНесекојдневни додатоци | Чешлиња за коса
Следна објаваЕко-луксузни часовници
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ