Претходните четири дена Париз ја прослави високата мода со couture ревии. Сето ова време, градот на љубовта беше домаќин на најпосакуваните личности од ѕвездениот систем, културата и уметноста, кои пристигнаа во француската престолнина за први да ги запознаат престижните новитети за пролет/лето 2024 година на ексклузивните модни куќи.

Ги сумираме колекциите кои практично го затворија овој престижен моден настан, со некои од најдобрите изгледи видени на модните писти.

Simone Rocha за Jean Paul Gaultier

Минатиот септември, кога Simone Rocha на Инстаграм ја објави својата соработка со Jean Paul Gaultier, модните обожаватели ја преплавија објавата со изјави на љубов. „Среќен сум што луѓето се навистина ентузијасти! вели дизајнерот. „И ми се допадна како некои луѓе велеа дека навистина не знаат како таа ќе изгледа!“ За едно нешто сите се согласија: визијата на Simone за женственост – која изгледа како ожиеана  готска бајка – беше целосно во склад со сликата на Gaultier за божествената женственост. А сепак, никој не можеше да претпостави како тоа ќе испадне.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНедела на висока мода во Париз: Armani Privé пролет/лето 2024 година
Следна објаваPrada повторно е на прво место на ранг листата Lyst
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ