Овие модни додатоци нема да останат незабележани во месеците кои следат

Во модниот свет, малите нешта прават голема разлика, се однесува на додатоците кои имаат моќ да го подигнат и наједноставниот стајлинг на повисоко ниво.

Како што знаеме, трендовите меѓу модните додатоци се менуваат од сезона во сезона и обично се разликуваат според културата и географската локација. Сепак, има некои детали кои доживеаја врв низ целиот свет и кои ќе бидат во тренд во наредните месеци.

Hobo (големи) чанти
Трендот на мали и навидум непрактични чанти се чини дека замина од модната сцена, бидејќи побарувачката за такви модели последен пат достигна врв во јануари 2022 година.

Беретки

Модниот пазар забележа огромен пораст на интересот за беретките како симбол на францускиот стил на облекување, предвидувајќи дека тие ќе продолжат да бидат во тренд и во новата календарска година. Во последните два месеца има зголемен интерес за беретки за цели 392 отсто, најверојатно поради популарноста на серијата на Нетфликс „Емили во Париз“, чија трета сезона излезе на 21 декември.

Очила за сонце со Y2K естетика


Сакани и омразени на модната сцена, не можеме да негираме дека спортските очила за сонце беа повеќе од популарен додаток во летната сезона. Поделеното мислење веројатно беше причината за врвот на интересот за овие модели, кој беше забележан во август 2022 година. Во наредните месеци, по популарност, тие би можеле да бидат заменети со модели во големи димензии, моделирани по верзии од почетокот на милениумот.

Ексцентричен накит

Во претходната година, трендовскиот накит беше нежен и префинет, со акцент на слоевитоста. Сепак, овој тренд се чини дека исчезнува со врвните пребарувања на самиот почеток на 2023 година. Бидејќи трендовите често одат до крајности, се чини дека оние за накит во 2023 година ќе бидат сосема поинакви. Од впечатливи нараквици со манжетни до преголеми ѓердани, накитот XXL се смета за жежок тренд во оваа година. Предвидуваме дека клучните зборови за накит во 2023 година ќе бидат „chunky” и „bling bling” бидејќи интересот за пребарување за овој стил на накит е зголемен за 16 проценти во последните два месеци.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЕве која боја ќе биде хит оваа година
Следна објаваЗначајни уметнички дела за историјата на светската уметност од 18 век
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ