5 совети како да го скриете стомакот со облека
Стомакот е дел од телото кој е проблематичен за повеќето и чиј обем повеќето стратешки сакаат да го сокријат. За да ги истакнете вашите доблести и да ги скриете своите маани, треба да знаете одредени модни трикови. Доколку и вие сте во тимот кој сака да го сокрие својот стомак, подолу имаме неколку совети кои ќе ви помогнат во тоа.

1. Монохроматски изглед
Наместо две контрастни бои, секогаш избирајте една боја за горниот и долниот дел на облеката.

2. Панталони со висок струк
Иако панталоните со низок струк се повторно во мода, доколку сакате да го сокриете стомакот, останете верни на панталоните со низок струк.
3. Слоевито облекување
Облекувањето во слоеви е решение за многу проблеми, вклучително и стомак кој навистина не сакате да го истакнете.

4. Фокусирајте се на горниот дел
Насочете го вашето внимание од стомакот и долниот дел од телото кон горниот дел. Ова ќе го направите со кул накит, интересно деколте или очила.

5. Секогаш избирајте ситен принт
Што се однесува до принтовите, секогаш одлучете се за ситен принт бидејќи ситниот принт визуелно ја намалува вашата фигура.

НЕМА КОМЕНТАРИ