Убавите спомени заслужуваат реприза. Со особена чест и задоволство ви најавуваме дека главен партнер и домаќин и на втората сезона на Skopje Fashion Festival повторно е трговскиот центар Skopje City Mall.

Овој пат под слоганот „Can you feel the light?“, модната врева ја подигаме со три спектакуларни ревиски вечери во четврток (10.11), петок (11.11) и сабота (12.11) и ексклузивен изложбен салон од 13 до 20 ноември чие отворање ќе биде под светилките на најурбаниот шопинг центар во градот.

Рефлекторите уште еднаш пред посетителите на фестивалот премиерно ќе ги осветлат најновите модни колекции на низа млади и етаблирани домашни и странски дизјанери, додека вашите уникатно стилизирани комбинации уште еднаш ќе се пресретнат на едно место – Skopje City Mall.

Шоуто продолжува! Се гледаме!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВенчаници за модерни невести кои сакаат лесни, софистицирани модели со чисти линии
Следна објаваМаестралните ‘ТАНГО ТРИО’ со концерт во КИЦ (11.11.2022)
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ