Пронајдовме исклучително елегантна колекција на венчаници од Kaftan studioнаменети за модерни невести кои сакаат лесни, софистицирани модели со чисти линии и внимателно одбрани и рачно изработени детали.

Целата нова колекција зрачи со леснотијата и убавината на најфините лелеави ткаенини. Академскиот скулптор Феѓа Чехајиќ придонел за изведбата на минималистичката романтична сценографија преку создавање скулптури од птици.

Колекцијата се состои од 24 дизајнерски модели кои ќе ги задоволат вкусовите и потребите на сите дами кои се љубители на префинетата естетика и дизајн на Kaftan Studio, а фотографиите од кампањата можете да ги погледнете во нашата галерија.

НЕМА КОМЕНТАРИ