Хејли Бибер уште еднаш успеа да направи хаос на социјалните мрежи и тоа само со една фотографија од нејзиниот нов есенски маникир. Популарната млечна нијанса овој пат таа ја замени со чоколадна, па така металик ноктите со сјај, веќе станаа вистинско “must-have” за претстојната сезона.

На Инстаграм и ТикТок можете да најдете бројни упатства за тоа како да добиете необична чоколадна нијанса, а за разлика од класичните глазирани donut нокти за кои беа број 1 во текот на летото и каде како основа се користеше млечна бело, со чоко варијантата, основата е потемен лак за нокти или посветла кафена нијанса. Исто така, се препорачува холо сјајот да биде во потопла нијанса.

Од моментот кога Хејли сподели видео со новиот маникир, девојките одушевено  почнаа да ја копираат новата варијанта на glazed donut, која се заканува да го надмине оригиналниот тренд.

НЕМА КОМЕНТАРИ