КОЖНИ ЈАКНИ СО КОИ НЕ МОЖЕТЕ ДА ПОГРЕШИТЕ: Никогаш не излегуваат од мода, тие се сигурна инвестиција и секогаш ќе ги носите повторно …

Погледнете кои модели на кожни јакни никогаш не излегуваат од мода, без разлика како се менуваат трендовите.

Ако прашате било koj дизајнер, стилист или креатор кое е неговото омилено парче сега кога доаѓа студеното време, ќе ви каже: добра кожна јакна.

Од класични модели до функционални за дожд и пониски температури, изборот отсекогаш бил повеќе од богат, а наоѓањето на идеалното парче ќе се погрижи да бидете подготвени од сезона во сезона.

Секако, на вас е да изберете што најмногу одговара на вашиот стил, а еве што треба да знаете пред да започнете да го барате идеалниот модел.

3 фактори за пронаоѓање на идеалниот модел
При изборот на кожна јакна, обрнете внимание на 3 фактори: силуетата, „опремата“ и самата кожа.

Силуета

Дури и ако сте го избрале идеалниот стил, на пример, моторџиски јакни, тоа не значи дека сите модели добро ќе ви стојат. Секогаш пробувајте ја јакната и обидете се да најдете некоја што ја надополнува вашата силуета, наместо да го истакнувате она што не го сакате. Кожените јакни денес се широко достапни во форма на блејзери, тренч изданија, но може да се најдат и пократки модели кои се алтернатива на традиционалните варијанти.

“Опрема”

Се мисли на затварачите, патенти, токи, копчиња, но и џебови и слични детали на кои треба да внимавате. Добар модел е бескорисен, ако е нефункционален.

Кожа

Не е секоја кожа иста, па затоа е многу важно, доколку купувате јакна што сакате да трае, да ја проверите автентичноста на брендот, односно да барате докажани производители кои имаат поквалитетни модели.

Сега, обрнете внимание кои модели ќе бидат модерни сега и за 5, 10 или 15 години.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваCHANEL READY-TO-WEAR ЕСЕН/ЗИМА 2022: Ѕирнете во магијата на деликатната женственост
Следна објава✏️Од молив до стрип – фантастичните призори во делата на Дарко Богданов.
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ