Некои ги мразат, некои ги сакаат, но дефинитивно се хит на летото ….

Можеби не се „гламурозни“, но со текот на времето овие едноставни кломпи станаа класика дури и во најстилската гардероба, а Birkenstock веќе не е синоним за удобност по дома, туку и за висока мода (о, да, дури и соработува со Manolo Blahnik).

Manolo Blahnik x Birkenstock Arizona & Boston Collab | HYPEBEAST

Историски гледано, моделот Аризона со двојни ремени беше култен избор, но ова лето, светот на модата прифати уште еден стил на сандали од Birkenstock: моделот Бостон. Станува збор за slip-on кломпа со заоблен врв и тока која првпат беше лансирана во 1977 година, па така, го издржа тестот на времето.

Станува збор, дека овие едноставни кломпи совршено го одразуваат тивкото, опуштено расположение што ја придружува летната сезона – мирисот на морскиот брег веднаш се шири во воздухот. Ние го сакаме тоа што повеќето стилски девојки ги носат неочекувано – со фармерки и елек, но одлично одат и со лелеави фустани, ѕвонарки, па дури и кошули и бициклистички панталони (фаворит на Французинките).

СПОДЕЛИ
Претходна објаваSOLAK Gallery & Concept Store
Следна објаваЗапознајте го Калин Доковски (7,5)-еден од најталентираните мали уметници во Македонија.
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ