1. Бел фустан
Кога би требало да избереме парче облека што го симболизира летото, тоа секако би бил бел фустан. Но, не било кој – идеалниот летен модел е долг, има макси крој, полн со волумен и доаѓа со тенки прерамки.

2. Плетена торба
Плетените торби од слама, рафија, ратан, текстил, волна, конец и разни сродни алтернативи се задолжителни за летото. Плетената чанта се нарекува дури и „мала црна летна чанта“. Што се однесува до самите модели, се е дозволено – од класични торби до рачни чанти.

3. Еспадрили
Модел на чевли кој се враќа во фокусот од година во година од првите денови на летото секако се – еспадрилите. Покрај ефектниот изглед, имаат и голема удобност и може да се комбинираат со различни стилови. Доколку сакате во вашиот гардеробер да имате парче кое ќе трае неколку сезони, изберете еспадрили во неутрална боја и класичен дизајн.

4. Бели панталони
Белите панталони се вистинско модно парче за пролет-лето. Создаваат лесна верзија на носење панталони, а одлично се комбинираат со летните маици и топови, давајќи и на таа комбинација елегантен шмек.

5. Маичка со риги
Исто како и белата маица, незаменлив моден елемент, така и маичката со пруги е непогрешлив моден избор. Во одредени модни комбинации таа е уште поефективна и поефикасна од белата кошула, особено ако сините риги се комбинираат со други бои, како црвена, црна или други видови сина боја.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЛЕТО 2022 : Обои ме
Следна објаваЛето 2022: со највпечатливи бои
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ