Она што секако ќе ни обезбеди мир и добро расположение е фактот што на одмор ќе заминеме адекватно подготвени.

Ако се земе предвид дека летната сезона е во полн ек, а некои од нас сега ги планираат годишните одмори, тоа ни дава за право да се препуштиме на шармот на шопингот што го нудат се уште актуелните попусти.

Заедно со новите есенски парчиња кои полека ги полнат полиците во продавниците на нашите омилени брендови, има и сезонски попуст кој ни ги носи најдобрите парчиња и аксесоари по неверојатно намалени цени.

За сите вас кои штотуку го планирате одморот, подготвивме листа на совршени парчиња кои можете да ги носите на плажа и на долги прошетки или вечери покрај  брегот на зајдисонце.

Акциите нема да траат долго, па затоа ве советуваме што поскоро да тргнете во оваа најубава шопинг авантура наречена „сезонски попуст“.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКостими за капење инспирирани од 90-тите
Следна објаваЛЕТО 2022 : Обои ме
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ