Најдоброто нешто кај модните додатоци е тоа што тие можат целосно да го променат вашиот изглед и обичните комбинации. Наизглед едноставната облека добива сосема нов и модерен изглед кога ќе ги изберете вистинските додатоци, без разлика дали се работи за обетки или ремени.

За вас избравме неколку модни парчиња кои ќе го истакнат вашиот аутфит.

Очила со необични бои и форми

Првото нешто што некој ќе го забележи кај вас во текот на летните денови се впечатливите очила за сонце. Изберете стилска и необична рамка во светла боја како сина, зелена или црвена. Овие очила ќе ја подигнат секоја ваша модна комбинација на повисоко ниво.

 

Метални ремени
Фармерките или обичните фустани можете да ги комбинирате со златни, метални ремени кои целосно ќе ги променат. Со овој потег ќе добиете модерна комбинација за град или работа.

Впечатлив накит во боја
Накитот во боите на виножитото е вистинскиот избор оваа пролет. Зелените ланчиња, големите шарени обетки и алки со впечатливи детали ќе ја разубават секоја модна комбинација. Летото е сезона кога секој накит е повеќе од прифатлив.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМакси должина за раскошни летни фустани и нов бохо стил
Следна објаваЈубилеј-30 годишна магија на Мирко Попов зад микс-пултот
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ