Со концертот на Европскиот креативен оркестар при ‘Институтот ФАМЕ‘С’ вчера на 21 јуни се отвори 43. издание на „Скопско лето“, на кое ќе има околу 30-ина настани, јавува Агенција Анадолија (АА).

Никола Глигоров, директорот на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје, осврнувајќи се генерално за годинашното издание на „Скопско лето“, рече дека по две години од епидемијата на коронавирусот, фестивалот се враќа на старите патеки.

Истакнувајќи дека како дирекција се обиделе да направат програма која ќе одговара на потребите, интересот на граѓаните на Скопје, Глигоров рече дека овој фестивал има мултимедијална програма и сака да комуницира со најмладите, децата, па сѐ до повозрасните.

Годинава имаме околу 30-ина настани на „Скопско лето“. Како и секоја година, најзастапена ќе биде музиката, затоа што тоа е универзалниот јазик на комуникација меѓу цивилизациите, меѓу народите, но ќе има и театарски престави, ликовни изложби“, нагласи директорот Глигоров.

Глигоров, додавајќи дека основата на програмата на Фестивалот „Скопско лето“ ја претставуваат домашни уметници, рече дека годинава ќе има и богат избор на меѓународни програми.

На 2 јули во Музејот на македонската борба ќе се одржи концерт на Туту Ајдиноглу – на пијано од Туркије (Турција), и Нурај Оџакли, наратор, исто така од Туркије.

По неколку години отсуство Францускиот културен центар повторно учествува на „Скопско лето“, со концертот на Европскиот креативен оркестар при Институтот ФАМЕ‘С, со музичари од повеќе европски земји.

(Извор>>Агенција Анадолија)

Фестивалот ќе заврши на 30 јули, со џез-концертот на Ори Драган од Канада.

Никола Глигоров- Директор на Дирекцијата за Култура и Уметност.

Фотографии од вчерашното свечено отворање на овогодишното 43-то издание на „Скопско лето“ со концерт на Европскиот креативен оркестар при Институтот ФАМЕ’С под диригентската палка на Тимоти Редмонд.

??Фотографија: Марија Чедомировска.
.
.
.

НЕМА КОМЕНТАРИ