На меѓународните ревии на модните брендови и на европските улици забележавме дека се појавија две главни теми: практична облека насочена кон удобност, додека другата е нурната во фантазија и ескапизам.

Спорт
Дали ја сакате спортската мода, но не сакате да одите по улица како штотуку да сте излегле од теретана? Не грижете се, сега можете да ја носите вашата спортска облека со самодоверба. Велосипедските шорцеви, спортските костими за капење и дуксерите веќе нема да бидат само за вежбање.

Рециклиран пачворк
Пачворк имаше на секоја модна писта оваа сезона, со што беше јасно дека е во ред да се мешаат и комбинираат дезените, дури и сите во еден модел!

Црно-бела магија
Во свет без едноставни одговори или дури и едноставни прашања, дизајнерите покажаа склоност кон црно-белите комбинации.

Парчињата од тантела и хеклани, изгледаа нежни и женствени на модните писти за оваа сезона.

Ултра релаксирано одело
Направете долга силуета и играјте си со облиците на предимензиониран блејзер инспириран од 80-тите. Со помош на влошки за раменици, оваа горна облека ги издолжува нозете. Спојте го овој изглед со прави панталони или кожни шорцеви за ултрамодерен изглед.

Широки панталони

Овие големи панталони, ќе бидат главниот летен моден тренд оваа година.

Удобни се и можат да се комбинираат со се, тантела или кроп топ за да ја покажете вашата женственост или со маици со широки ракави, блејзери и патики за спортски изглед. Во секој случај, елеганцијата која ја внесоа во женствените и самоуверени чекори на модните девојки е неоспорна.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМодни женски чанти – лето 2022
Следна објаваНека вашиот стајлинг биде според најновиот моден тренд оваа пролет и лето без да ви се испразни паричникот.
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ