Ева Лонгорија се појави на црвениот тепих во креација на Alberta Ferretti и сандали на Aquazzura. Транспарентниот фустан од тул истовремено совршено откриваше и покриваше делови од телото. Косата крената во пунџа, совршено одговара за овој тип на фустан, само чокер ланчето одамна е излезено од мода, така што огрлицата која ја носеше Џулиен Мур, би изгледала многу подобро.

Филмската sвезда Џулиен Мур се појави во фустан од црна свила со длабоко деколте од Bottega Veneta. Изгледот го надополни со светкава дијамантска огрлица со зелен смарагд, а секако одлично изгледаше и нејзината препознатлива и заводлива бакарна коса. Џулиен е одлична како секогаш и никогаш не греши кога е црвениот тепих во прашање.

НЕМА КОМЕНТАРИ