• На 10 мај во 20.00 часот во Културно-информативниот Центар, Империјал 1, љубителите на уметноста ќе може да ја посетат изложбата на уметникот Давид Атанасовски.

Разновидните материјали со специфични текстури, архитектонски елементи и конструкции претставуваат основни морфемски единици интегрирани во автономниот творечки јазик на академскиот скулптор Давид Атанасоски. Преку сложените слики-објекти, скулптури и ѕидни инсталации скулпторот го манифестира интересот за стратиграфијата и еволуцијата на Земјата, притоа „стратиграфските“ или „геолошките“ пресеци преминуваат во метафора за севкупната историја, мудрост и еволуцијата на човештвото.

Ѕидната инсталација насловена „Геолошки пресек 2“ ја сочинуваат многубројни конструктивни елементи со разни карактеристични својства и особености формирајќи комплексен „артифициелен пејзаж“. Во внатрешниот галериски простор на еден ѕид е поставена фотографија со претставата на густо подредени шумски стебла, печатена на долго хоризонатлно платно. Вертикално и рамномерно подредените отпадни дрвени даски со различни должини се поставени на спротивниот и напоредниот ѕид. Строго подредените и издолжени дрвени структури во просторот асоцираат на шумски стебла и истовремено сугерираат – стабилност, монументалност и возвишеност. Растојанието меѓу редуцираните асоцијативни структури и белата ѕидна површина создава илузија на длабочина и перспектива. Дијологот помеѓу ритмично поставените вертикални асоцијации и фотографскиот приказ на шумските стебла, создава компактна целина и предизвикува динамичност во амбиенталниот простор.

Преку сложените ахритектонски конструкции најчесто изработени од отпадни или рециклирани материјали, скулпторот Атанасоски прави споредба и ја нагласува симбиозата помеѓу живототворната креативна моќност на природата и антропогената творечка активност.

(✒️Викторија ДимескаИ-сторичар на уметност)

 

***

?‍?? Давид Атанасоски, роден во Прилеп 1995 година. Завршил факултет за ликовни уметности Скопје во 2018.
Член на меѓународна организација за уметност и култура ,,Narrative Moments”.

??️ САМОСТОЈНИ ИЗЛОЖБИ:

2015 – Скопје, Проект за урбана скулптура во простор, спонзорирана од Цементарница УСЈЕ.
2019 – Прилеп, Пејзажни знаци, Ликовен салон Марко Цепенков
2019 – Прилеп, Геолошки пресек , Нов културен бран
2020 – Скопје, Сеќавање за Сион, Галерија МКЦ
2022 – Прилеп, Геолошки пресек 2, Ликовна галерија

?️? ГРУПНИ ИЗЛОЖБИ :
2016 – Прилеп, Годишна изложба на ДЛУП, Галерија при домот на културата
2017 – Скопје, SIAB VIII Студентско интернационално арт биенале, Галерија ФЛУ
– Прилеп, Art Without borders Macedonian encounter, Галерија Борко Лазески
2018 – Скопје, Тема:НЕ, НУ Музеј на Македонија.
– Прилеп, Интернационален скулпторски симпозиум “Мермер„
– Прилеп, Годишна изложба на ДЛУП, Галерија при домот на културата
-Прилеп, Нови медиуми, Галерија Аче
2019 – New York, Personal ldentity Matter, Gallery MC
– Куманово, Биенална изложба, Скулптури на новото време, Дом на културата
– South Korea, Geumgang Nature Art Biennale, Cube 12x12x12+natur
– Скопје, Not your toy, Галерија КО – РА
2020 – Скопје, Остен биенале на цртеж, Национална Галерија на Македонија, Чифте амам
2021 – Скопје, Уметноста на досадата, Резиденција на ЕУ во Македонија
– Струмица, „Метаморфоза“ Несовршен простор 4, Europe house
– South Korea, Geumgang Nature Art Biennale, Cube 12x12x12+natur.

 

(ИЗВОР:Културно-Информативен Центар-Скопје) * КИЦ *

НЕМА КОМЕНТАРИ