Волна, волна, волна. Сè е прекрасно меко и примамливо на допир, а нежните бои и пастели потсетуваат на нивната ефикасност во зимските денови, комбинацијата на кафени тонови со зелени пастели е одличен избор за сезоната есен-зима 2022/ 2023 година.
Женственоста никогаш не изгледала помеко и помоќно во исто време.
Оддавајќи им почит на пејзажите што ја сочинуваат околината на реката Tweed, на голeмата Gabrielle Chanel, креативната директорка Virginie Viard му даде почит и на твидот како ткаенина, која е основа на модната куќа Chanel.
Идејата на колекцијата е исклучително едноставна „викенд бегство од градот“. Поради таа причина, како водечки додаток, се појавија гумени чизми со препознатливо лого на брендот (обувки за кои сме сигурни дека ќе го преплават Инстаграм во наредните месеци) и парчиња облека кои го редефинираа концептот на класиците на Chanel.