Со доаѓањето на пролетните и летните денови, фустаните стануваат наш прв избор, бидејќи се комотни, флексибилни и ни овозможуваат да создадеме успешен стајлинг за само неколку минути.

Оваа сезона дизајнерите ни понудија голем избор на фустани. Во колекциите на најпознатите брендови можете да најдете модели со различен дизајн, во светли бои, кои се еден од најголемите трендови ова лето.

Сепак, класиката која никогаш не излегува од мода е белиот фустан кој е „must have“ на пролетната и летната сезона и одлично изгледа на исончана кожа.

Белиот фустан ќе ве придружува во секоја ситуација. Можете да го носите во канцеларија со блејзер и мокасини, на лежерни прошетки со патики и тексас јакна, додека навечер, бел фустан со високи потпетици и впечатлива „хит“ чанта во светли бои.

Доколку оваа сезона планирате да купите нов бел фустан, во галеријата погледнете ги предлозите на најпознатите модни брендови како модна инспирација.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваChanel: Женственоста никогаш не изгледала помеко и помоќно во исто време
Следна објаваДен на пијаното-Скопје 2022/Културно-информативен центар
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ