Ова е доказ дека удобните чевли можат да бидат во тренд!

Водечките светски модни куќи презентираа во своите колекции модели на салонки со вртоглави платформи, како и сандали со оптимални, удобни потпетици до 7 см. Иако со години беа игнорирани од светските модни лидери, ниските потпетици се враќаат и се поубави од било кога. Ви го пренесуваме нашиот избор на удобни чевли со ниски потпетици и рамни модели со интересни дизајни.

Можно е – балетанките ја издолжуваат силуетата!

Покрај чевлите со различна висина, оваа пролет ни донесе враќање на еден од најконтроверзните типови на женски обувки – балетанки. Иако во минатото им замерувавме што визуелно ја скратуваат женската нога, дизајнерите сфатија како да ја заобиколат главната замка на балетанките, па сега на полиците во продавниците  можете да најдете балетанки со шилести врвови кои ја издолжуваат вашата фигура. Има и голем избор на неутрални нијанси и балетанки во боја на кожа кои нема да ја нарушат вашата силуета.

Враќање во младоста

Мокасините го доживеаја своето враќање на самиот врв на светската модна сцена во текот на претходните години, кога акцентот на облеката се повеќе беше ставен на удобноста, а враќањето на стилот во 90-тите го оживеа нивниот нов живот. Мокасините не потсетуваат на стајлинзите на ѕвездите од тинејџерските ТВ серии, па не е ни чудо што нивното комбинирање носи доза на младешка разиграност во секоја облека.

Штикли во кои можете да танцувате цела ноќ

Сè повеќе модни експерти ја сфаќаат важноста на удобноста, како и фактот дека кога се чувствуваме добро и изгледаме подобро. Чевлите со потпетици до 7 сантиметри се всушност еден од најудобните модели што може да ги носи жената бидејќи не му штетат на стапалото и овозможуваат лесен чекор во текот на денот.

СПОДЕЛИ
Претходна објава10 најромантични ресторани кои треба да ги посетите барем еднаш во животот (втор дел)
Следна објаваМаникир во бои: Највесел тренд на сезоната
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ