Пролетта е тука и конечно можеме да почнеме да ги применуваме сите трендови кои ги забележавме, гледавме од далечина и во нив најдовме инспирација за нашиот следен изглед. Како и обично, оваа сезона ја носи потребната доза на оптимизам, кој се одразува пред се во изборот на бои кои го наоѓаат своето место во нашите гардероби и изданија за убавина.
Доколку сакате да ги следите трендовите, веруваме дека ќе ви се допадне најновото што ни доаѓа од светот на убавината, а се однесува на нокти во боите на виножитото. И да – тоа е толку шарено и весело, како што и звучи!
Значи, треба да вклучите што е можно повеќе разновидни, смели бои и да ги примените на вашиот маникир како што сакате – едноставно боење, интересна уметност за нокти или ефективен француски маникир… Можете да си играте и со нијанси и со дизајн, и да најдете инспирација во нашата галерија …