Пролетните стајлинзи на Хајди Клум ја откриваат нејзината смела, а во исто време и “откачена” страна … 48-годишната манекенка со неприкосновена линија знае да се забавува со модата и да си игра со комбинирање на различни стилови, текстури и бои.

Оваа сезона, трендовите ги слават светло зелените, жолтите, сините нијанси како и цветните принтови и екстремните должини – од макси до микро димензии, кои Хајди ги прифати во нејзиниот секојдневен стил.

Блејзерите, како вечно парче и ултимативен тренд во живи бои за 2022 година, супермоделот ги комбинира на елегантен начин во комбинација со останатиот аутфит – панталони и топ, како и кежуал шик со фармерки и маичка.

Цветните фустани со макси должина се уште едно задолжително парче во гардеробата на Хајди кога станува збор за пролетните комбинации. Од ексцентрични стајлинзи кои само таа знае да ги истакне, до широки парчиња со разигран дизајн, во нашата галерија можете да се инспирирате од сестраниот пролетен стил на Хајди.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЛуксузниот бренд Dior ја претстави новата колекција на накит Gem Dior 2022 (видео)
Следна објава„Once again” изложба на младиот уметник Давор Кешќец во КИЦ
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ