Луксузниот моден бренд Saint Laurent се упати кон сончевиот Лос Анџелес за својата летна кампања 2022 година.

Пред објективот на Јирген Телер, моделите Фреја Беха Ерихсен, Авар Одијанг, Бинкс Волтон и Лоли Бачи позираа на сонце и ги истакнаа најновите колоритни и сензационални дизајни на уметничкиот директор Ентони Вакарело.

Дизајните се претставени во палета на огнено црвена, магента виолетова и жолта боја.

Saint Laurent за оваа сезона прикажа и комбинезони со изрези и топови без прерамки стилизирани од Пол Синклер. Клучните парчиња во колекцијата се и чантите Kate, Rive Gauche и Le 5 a 7, додека златниот накит е инспириран од осумдесетите.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТренд „party dressing“ : 12 пара на сандали кои можете да почнете да ги носите веднаш
Следна објаваZimmermann – кампања пролет/лето 2022 година снимена во Vizcaya Museum & Gardens (видео)
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ