Tрeндовите за кои се дискутира во 2022 година може да бидат по малку и непрактични за секојдневно носење, тогаш сакаме да ја консумираме модата во наједноставната форма. Тука на сцена стапува класиката која го олеснува облекувањето, особено кога сме притиснати со време и инспирација.

Дневната облека, исто така може да биде носител на целиот стил и многу корисна основа која можете да ја надградите со “statement” детали. 

Пред се, потребен ви е летен аксесоар, кој секогаш се истакнува во преден план, како плетена рафија чанта или кожни сандали. Потоа едноставен фустан, за секогаш подготвен аутфит, но и ленени кошули и топови со кои високите температури се повеќе подносливи.

Каква и да е вашата естетика, сигурни сме дека ќе ги најдете вашите летни омилени фаворити во нашата галерија: бели пантолони, кожни сандали, плетена голема торба, кошула со кратки ракави, класичен фустан, блејзер, едноделен костим за капење, бел топ, шорцеви и ленена кошула.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНе ја заборавајте уметноста!- Годишна програма на МСУ
Следна објаваТренд „party dressing“ : 12 пара на сандали кои можете да почнете да ги носите веднаш
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ