Амбасадорката на брендот Louis Vuitton, HoYeon Jung, ја предводи новата кампања Twist Handbag за пролет 2022 година.

Актерката од Squid Game позира со чантата Twist во нијанси на црна, розова, портокалова, бела боја и изгледа фантастично. 

Во студиското опкружување, актерката и модел изгледа сензационално и софистицирано, стилизирана од Мери Амели Сова. 

„Јужнокорејската актерка и амбасадорка на брендот Louis Vuitton ги претставува сезонските Twist чанти. Со младешки, но безвременски свеж и современ дизајн оваа чанта брзо стана една од најпознатите. Нагласувајќи го наследството на модната куќа, името Twist потекнува од уникатното копче, чии ротирачки иницијали L и V се спојуваат и формираат “V” во однос на иницијалите на основачот“, напиша брендот во соопштението, по повод лансирањето на новата рекламна кампања.

СПОДЕЛИ
Претходна објава(Интервју+Фото) Марија Каева- Ретка убавина на македонската музичка сцена
Следна објаваУбавина на Oskar 2022: Најдобри изданија
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ