Во време кога ситуациите во кои се наоѓаме се посебни, модата на францускиот дизајнер е мала „оаза во пустината“. Луѓето со визија, љубов кон она што го работат и полни со оптимизам можат да бидат надеж за подобра и посветла иднина!

На брегот на Тихиот Океан, францускиот дизајнер уште еднаш импресионираше. Париската модна недела штотуку заврши, но Simon Porte Jacquemus е тој што стави “точка” на претставувањето на колекциите есен/зима 2022 година.

Францускиот дизајнер, покрај своите креации, е познат и по посебните и оригинални модни ревии кои ги презентира. Кој може да ја заборави неверојатната розова модна писта во полињата со лаванда во Прованса, но и волшебниот пејзаж со снопови пченица во Франција? Годинава за прв пат реши да замине во странство и да отпатува на далечните Хаваи, поточно на островот Оаху во Тихиот Океан каде ја претстави новата колекција „Le Splash“.

Дизајнерот од Марсеј и целиот негов тим беа изненадени од локалните и ненадејни дождови, кои создадоа мала вознемиреност пред почетокот на ревијата. Сепак, набрзо сонцето излегло и ја осветлило сината модна писта и неутралните изгледи со впечатливи модни додатоци во боите на морето и небото.

“Каков луд ден, ќе го паметам цел живот. Дождот почна кога сите манекенки беа подготвени да излезат на модната писта”, напишал дизајнерот во приказните на својот личен профил на Инстаграм, прикажувајќи го дождливиот пејзаж преку фотографии.

Како што сугерира името на колекцијата, „Le Splash“ црпи инспирација од водата, со „живописни“ сини тонови кои потсетуваат на познатите уметнички дела на Дејвид Хокни, како и референци за спортови на вода. Манекенките прошетаа на сината модна писта на плажа, со низа изгледи во боја на слонова коска кои ја „отворија“ ревијата. Референците за спортови на вода се гледаат во форма на шевови и дизајните на патентите инспирирани од мокри одела, додека елеците за спасување се повторно создадени – како пафер елеци.

Влијанието од летото, плажата и водата беа очигледни на многу места. Миди здолништата во форма на туба многу личеа на крпи за плажа, а костимите за капење, пак, беа претставени и како долна облека и се носеа преку кошули или панталони. На друго место, дизајнерот ни подари серија летни костими со стаклени украси кои потсетуваат на капки вода, од канадската уметница Тања Лајонс. Додавајќи нота на контраст на добро познатите тонски комбинации на облека, дизајнерот претстави кариран принт кој ги красеше кошулите, шорцевите, здолништата, градниците и јакните.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМодели на венчаници кои ќе бидат во тренд оваа година
Следна објаваУстата е огледало на здравјето – дознајте што ви кажува телото за херпес, афти …
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ