Неделата на висока мода во Париз се одржа на почетокот на оваа година, но како што полека, но сигурно се приближуваме кон сезоната на венчавки, која се надеваме дека конечно ќе може да се одржи како што отсекогаш сме замислувале, решивме да ја „прочешламе“ архивата и да ги издвоиме венчаниците, но и фустани кои можат да бидат во тренд оваа година. На крајот на краиштата, дали некогаш сме се сомневале во предвидувањата за трендовите од модните писти?

Ако ја следите високата мода, Giambattista Valli веројатно е првиот бренд кој ви паѓа на ум кога ќе помислите на бајковити, романтични фустани. Но, не смееме да заборавиме и на имиња како Zuhair Murad, Celia Kritharioti или Elie Saab на чии ревии забележавме прекрасни, раскошни креации во кои можете да се замислите на тој важен ден кога ќе го кажете судбоносното „да“.

Малку посмирени модели на фустани, па дури и костуми, забележавме на ревиите на Alexandre Vauthier, Dior и Stephane Rolland, но едно е сигурно – како и да изгледа вашата совршена венчаница, во нашата галерија сигурно ќе ја најдете многу потребната инспирација …

СПОДЕЛИ
Претходна објаваChanel ја слави елеганцијата и софистицираноста со новата кампања пролет/лето 2022 година
Следна објава‘LE SPLASH”: JACQUEMUS ЈА ПРЕТСТАВИ НОВАТА КОЛЕКЦИЈА НА ХАВАИ
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ