Рекламната кампања на француската модна куќа за пролет/лето 2022 година ја слави елеганцијата и софистицираноста.

Фотографирани во француска вила во Прованса, најубавите дизајни на Вирџинија Виар се визуелно истакнати; како што се украсените фармерки, живописни и светли твид јакни и фустани кои се совршени за сите видови забави.

„Кампањата за колекцијата Ready-to-Wear CHANEL пролет-лето 2022 е ода на младоста чија ноншалантна грациозност ќе одекнува во бескрајните летни денови.

Во дискретниот шарм на вилата во Прованса, фотографите на најдобар начин ја претставија идејата за женственост отелотворена од моделот Вивиен Ронер“, велат од брендот Chanel.

СПОДЕЛИ
Претходна објава7 пролетни комбинации кои секогаш функционираат а бараат минимален труд за стилизирање
Следна објаваМодели на венчаници кои ќе бидат во тренд оваа година
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ