Француски маникир на стилизирање на ноктите го обожувавме во текот на 2000-тите, но, како и секој тренд, беше потиснат од обновената популарност на монохроматските нокти и впечатливите идеи за уметност на ноктите.
Денес, една деценија (а можеби и повеќе) подоцна, „францускиот маникир“ се врати на голема врата, но веќе не го избираме класичниот, бел, туку малку похрабриот и далеку поинтересен. Францускиот маникир во боја во голема мера се пребарува на Инстаграм, а добрите идеи никогаш не се доволни.
Се ближи пролетта (о, да!) и вистинско време е да размислите за вашиот следен, весел и оптимистички маникир. Пронајдете инспирација во нашата галерија и не плашете се да пробате нешто што досега не ви паднало на памет!