Додека глобалните проблеми и кризи продолжуваат низ целиот свет, истовремено се одржуваат најважните модни настани во годината – Модни недели во Њујорк, Милано, Лондон и Париз.
Иако секојдневно сме погодени со секакви вести, во некои од посветлите теми бараме трошка оптимизам.
Затоа особено ни се допаѓа новиот тренд кој преовладува по улиците на главните модни метрополи. Со светли бои, модерните девојките решија да се изборат против општото црнило. Покрај минатогодишната трендовска зелена, свое место наоѓаат и живописната виолетова, портокалова и црвена боја, но особено се истакнува жолтата. Само помислете на сите оние нијанси на пролетни цветови од глуварче, нарцис и други!
Симбол на сонце, среќа и оптимизам, која буди креативност и добра енергија, жолтата е искристализирана како најпопуларна боја на уличниот стил. Само вклучете ја во вашиот изглед со детали како чанта, чевли или шал.
Ако ви треба повеќе од тоа, додадете уште една, две или дури три бои – жолтата одлично оди со виолетова или сина. За оние со смел став, предлагаме тотален изглед во жолта боја од глава до пети