Новата модна сезона ни носи безброј нови трендови! Доколку сте љубител на трендовите, добро знаете дека мини здолништата се вратија во модниот свет на голема врата.

Секако, оваа сезона ќе носиме макси и миди модели, но модните дизајнери едногласно ги прогласија мини здолништата за „must have“ парче од пролетната сезона.

Ревиите на познатите модни брендови за периодот пролет/лето 2022 година беа „преплавени“ со мини здолништа. Овие жешки парчиња се појавија во различни дизајни, текстури, но и со детали кои се истакнаа, како што се асиметричните должини. Од Miu Miu и Prada до брендовите Chanel и Dior, креативните директори претставија свои верзии на овој врвен тренд. Сега мини здолништата не се резервирани само за вечерни излегувања и имаат можност да ве придружуваат во текот на целиот ден, без разлика на пригодата и времето.

Доколку сакате да создадете пософистицирана комбинација на облека, ви предлагаме мини здолништата да ги комбинирате со кошула и сако, додека за полежерни излегувања мини здолништето изгледа одлично во комбинација со топ, дуксер и патики.

Без разлика дали ќе изберете модел од твид, тексас, свила или некоја друга ткаенина, мини здолништето ќе се трансформира во неопходно парче облека во наредните месеци.

Ги разгледавме колекциите на актуелните брендови и издвоивме дизајни кои не би требало да недостасуваат во вашата гардероба.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТренч мантил: Модерни дизајни кои сите жени со стил ги сакаат
Следна објаваОваа боја е водечки тренд!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ