Elie Saab ја претстави својата модна колекција пролет/лето 2022 година (во Carreau du Temple), која емитува оптимистичко расположение, инспирирана од рајската градина и светлите бои на Медитеранот.

На ревијата беа прикажани фустани инспирирани од розови бугенвилии и виолетови орхидеи од органза, кои го симболизираат летното сонце, бујни комбинации на модели нагласени со светли пердуви, штрасеви, бисери и монистри.

Либанскиот дизајнер ја отвори ревијата со паф-фустан со темноцрвено здолниште украсено со обемни цвеќиња, кои го дадоа целиот тон на колекцијата. Цветните мотиви се појавија во форма на деликатни водопади од нежни пупки на макси фустани и исклучителни големи рачно изработени апликации. Здолништето на еден азурен фустан наликуваше на морска пена, а бујните наметки потсетуваа на пердувите на птиците.
Во новата сезона експериментираше и со мини фустани меѓу традиционалните долги модели. Еден од најдобрите изгледи беше црвено сребрен фустан со реси со џиновски цветен корсет, на едното рамо во стилот на Кери Бредшо. Некои од изгледите беа надополнети со кристални маски, кои додадоа мистика на колекцијата.Традиционално, дизајнерот претстави серија апсолутни хитови на брендот од сатен. На модната писта се појавија спектакуларни фустани со сложени преливи во фуксија нијанси украсени со цветни пупки кои се обвиткуваат околу вратот и рамената. Волуминозни, елегантни и смели изгледи се омилените стилски изрази на дизајнерот, кои секогаш го привлекуваат вниманието на ѕвездите и оставаат впечаток на црвениот тепих. Во Либан, каде што венчаницата останува една од најважните категории на брендот, невестите сè уште бараат прекрасни фустани како оној што го затвори шоуто на дизајнерот. На модната писта се појави драматичен обемен фустан, посипан со нежни пупки од бели цветови и долг везен превез.
СПОДЕЛИ
Претходна објаваВо какви чевли ќе чекориме низ 2022 година?
Следна објаваSELFIE MUSEUM – НОВО МЕСТО ЗА ЗАБАВА И ЗА УНИКАТНИ ФОТОГРАФИИ
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ