Минатата, 2021 година, ќе влезе во историјата како година на славење за Gucci, бидејќи брендот ја прослави својата 100-годишнина со бројни колекции, а сега брендот сака да продолжи со ова наследство и во 2022 година, почнувајќи со новата  колекција Gucci Tiger.

Сакајќи да и оддаде почит на претстојната Година на Тигарот, Алесандро Микеле претстави колекција на конфекција и модни додатоци кои можат да се пофалат со слики од големиот тигар кој е во срцето на колекцијата.

Афинитетот на креативниот директор Алесандро Микеле кон природата е очигледен во целата линија, бидејќи тој го реинтерпретира дизајнот „Флора“ од доцните 60-ти на мокасини, чанти на рамо, паричници и часовници. За прв пат беа претставени еколошки часовници обвиткани во материјал Demetra и ремени од рециклиран челик – што значи дека и еколошки свесните клиенти ќе бидат задоволни.

А дали постои подобар начин да се прослави колекција од видео снимка за кампањата која е подеднакво надреална и раскошна?

Колекцијата треба да се појави на 1 февруари во продавници ширум светот.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКои тренди фризури ќе се носат во 2022 година?
Следна објава7 големи трендови кои ќе доминираат оваа година
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ