Versace, Prada, Balenciaga, Christian Louboutin и Brunello Cucinelli покажуваа дека се свртени кон новите трендови. Никогаш не можете да погрешите со чизмите над колената за постудените сезони, но тоа не значи дека тие не можат да се прилагодат на актуелните трендови. Без разлика дали преферирате класични стилови кои одат со се или посмели модели кои стануваат фокусна точка на вашиот стајлинг, ние одбравме чизми до бутовите на реномирани модни брендови кои се омилени на сите светски ѕвезди и заземаат почесно место во нивните гардероби. Погледнете ги нашите предлози во галеријата и изберете ги вашите фаворити. СHRISTIAN LOUBOUTINИнспириран од гламурозните жени како Дита фон Тиз, овие елегантни кожени чизми од кожа комбинираат заводливи цртежи на долгоноги пин-ап девојки со препознатливиот црвен ѓон на Louboutin. 

 BALENCIAGA

Покажете ја вашата вистинска храброст во овие Chevalier чизми кои изгледаат како метален оклоп кој ќе ги заштити вашите нозе од студот и ќе ве однесе во убава иднина со својот футуристички дизајн.

BRUNELLO CUCINELLI

Овие кафени чизми се изработени од растеглива кожа. Меки и мазни, надополнети се со гумена платформа и робусен ѓон.

PRADA

Чизмите „Go-go“ не враќаат во шеесетите години со нивниот дизајн. Овие сини чизми над колената се направени од мека напа технологија, иновативен материјал кој има автентичен изглед на кожа.

 VERSACE

Со храбар принт La Greca обвиткан околу ногата, овие Leonidas плетени чизми ќе го зачинат секој аутфит. Како луксузни чорапи со флексибилни украси од телешка кожа и масивни ѓонови, во овие чизми секако ќе бидете забележани.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЧантите во светли бои ја менуваат динамиката на секој стајлинг
Следна објава10 најзастапени трендови во дизајнирање на ентериериери за 2022 година
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ