Ким Џонс, уметничкиот директор за машка облека на брендот Dior, ја претстави својата колекција за есен 2022 година, како прослава на бескрајната креативност. Љубител на литературата и уметноста, Џонс го слави животот на Џек Керуак, гледајќи го писателот како инспирација за оваа сезона.

Историчарите често го препознаваат Керуак како еден од најголемите гласови на “Bit” генерацијата, а неговото објавено дело „На пат“ е високо ценето. Поврзувајќи го Керуак со модата, наследството и придонесот на уметникот во литературата се споредуваат со она што дизајнерот Dior го направи за модата.
За есен 2022, Џонс ја комбинира софистицираноста на париската модна куќа со модерниот, неформален комфор на американската спортска облека. Универзитетските карирани твид палта нудат мек контраст со препознатливиот крој на Dior.
„Fair isle“ има ткаено лого „CD Diamond“, додека оригиналната свила од 1960-тите дава автентичност и шик декорација.Како најочигледен знак на Керуак во колекцијата е тоа што свилата и кожата се украсени со рачно насликани и печатени илустрации од првото издание на авторот. Со лежерна нота, “стариот” тексас додава лежерност во колекцијата есен 2022 на Dior, истовремено нагласувајќи го суштинскиот американски стил.
СПОДЕЛИ
Претходна објаваВи ги претставуваме совршените комбинации за зимски прошетки
Следна објава3 начини да го намалите гладот ​​кога сте на диета
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ