Знаеме дека празничната сезоната е една од омилените во годината. Покрај дозволениот прекумерен одмор и гозби во пижами, посебен го прават долгите неоптеретени прошетки со семејството.

Она што дефинитивно ни треба е формула или инспирација за избор на зимска облека, која ќе ни биде добар придружник на долгите прошетки (или кратка прошетка до актуелната распродажба). Без премногу размислување, облека со повеќе слоеви и не мора да правите компромиси за стилот. Оверсајз трендот е во апсолутна корелација со дадената тема, треба да изберете голем џемпер, јакна или торба со пренагласена големина.

Капут од вештачко крзно и рамни чизми кои можат да се комбинираат со тексас фармерки со висок струк, а никако не заборавајте на добро познатите зимски аксесоари во форма на меки капи, ракавици и огромни пријатни шалови. Доколку прошетките се секојдневни, очилата за сонце не само што ќе имаат модна улога, туку ќе бидат тука и да ве заштитат.

Инспирирајте се во нашата галерија, за топол и  стилизиран секојдневен стил.

НЕМА КОМЕНТАРИ