Корделија де Кастелан уметничка директорка на Диор, ја сподели декорацијата во нејзината селска куќа, празничната атмосфера и новите креации на модната куќа Диор кои беа создадени специјално за Божиќ.
„Сакам да имам гости дома, особено околу Божиќ. Секој пат сум фасцинирана од овој празник, затоа што ме носи некаде во минатото, во деновите на мојата младост или дури и детство.
Сакам кога куќата е целосно „облечена“ во новогодишни украси. Пред се, затоа што имам деца и ним им е важна „магијата“ на Божиќ: не е важно дали е дневна соба или кујна, празникот го „допира“ секој агол од куќата“, вели Корделија.
За поставување на празничната трпеза, уметничката директорка на Диор избра кадифени ткаенини во топли бои, нијанси на кората на дрвјата и ги надополни со златни и бели детали. Корделија ги комбинираше рустичните елементи и традиционалната божиќна декорација со парчињата на Диор создадени специјално за Божиќ, врз основа на колекцијата Cruise 2022.
Искористете ги нејзините предлози за уредување на вашиот дом!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКако да аранжирате Новогодишна и Божиќна трпеза?
Следна објаваПариз: Најубавите елки во париските хотели
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ