По сезоната на дигитални ревии, под влијание на пандемијата која не принуди да додадеме уште некој моден додаток во чантата (како маски за лице и средства за дезинфекција), колекциите за есен/зима 2021 претставени во живо, ни покажаа дека модниот ентузијазам на дизајнерите не се намалува.

„Ние сме расположени за мода. Расположени сме да ја споделиме со целиот свет“, изјави Муција Прада.

И ние не можеме да не се согласиме со неа. Па, што ќе облечете за новите дружења и излагања? Боди со необичен принт? Мини фустан, затоа што сега е време или никогаш? Доза на бои кои го привлекуваат целото внимание кон вас? Или паф јакна поголема од вас?

Женската моќ беше уште една голема инспирација за сезоната есен/зима 2021.

Сосема свесни дека жените го понесоа товарот на пандемијата – економски, социјално, ментално – дизајнерите како Луси Мејер (Џил Сандер), Надежда Ванхи-Кабулски (Хермес) и Пјерпаоло Пичоли (Валентино) сакаа да ги поддржиат, пренесувајќи пораки преку нивните креации дека сега е време да се живее сопствениот идентитет.

Време е да се осмелите и да комбинирате монистри со јакни од пердуви, виолетови сатенски платформи со виолетов мини фустан.

Затоа во нашата галерија ви носиме 7 клучни трендови на зимската сезона за кои мора да знаете.

ТЕМЕН ТЕКСАС

ПЛЕТЕНО

ТАНТЕЛА

МИНИ ДОЛЖИНА

 

МОНИСТРИ

БОИ

 

ПАФ ПАРЧИЊА

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСмарагдно зеленa новогодишнa елкa
Следна објаваНајпопуларни капути кои ќе ги носиме оваа зима
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ