Технички гледано, зимата календарски се уште не е ни започната!
Сепак, непосредно пред да одите на шопинг, треба да дознаете за модните трендови. Кожната верзија на класичниот капут е секако еден од трендовите кои особено ќе не окупираат оваа зима.
Модните куќи како Gabriella Hearst и Bottega Veneta предлагаат да им дадете предност на кожните тренч капути во земјени тонови или украсени со вештачко крзно.
Задолжителниот модел според Dior е миди капут со динамични животински принтови, како леопард, кој одговара на се и може да се прилагоди на различни прилики.
Брендовите како Jacquemus, Celine и Raf Simons предлагаат безвременски и кул парки, капути со постава од овчја кожа кои повеќе имаат фолклорен карактер, но и штепувани капути кои оваа година се голем тренд.
Меѓу другото, палтата со постава од филц, класични капути во интензивни нијанси, но и паф јакните се подеднакво меѓу врвните избори што можете да ги направите за да се справите со стилот и ниски температури.
Во галеријата издвоивме модели на кои вреди да се обрне внимание пред да се инвестира во зимски капут.
СПОДЕЛИ
Претходна објава7 најголеми трендови за тековната зимска сезона ( зимските колекции не го изгубија ентузијазмот)
Следна објаваОва се чевлите кои ќе ја одбележат 2022 година
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ