Италијанската луксузна куќа Булгари импресионира со својата сензационална празнична кампања, во која главните улоги ги толкуваат супермоделите Виторија Черети и Блесња Минхер.
Гламурозните девојки позираа пред објективот на познатото фотографско дуо, Бруно + Нико, стилизирани од Џовани Дарио Лаудичина.
Презентирајќи ги блескавите скапоцени камења на Булгари, вклучувајќи дизајни како што се раскошни ѓердани, нараквици и прстени, девојките со своите елегантни стајлинзи покажуваа дека се подготвени за сезоната на забави што претстои.
За прекрасниот изглед на шармантните манекенки беа задолжени Паоло Софијати и Елена Греко.

Колекцијата Bulgari Holiday 2021 го слави оптимизмот, возбудата и гламурот на сезоната и го доловува духот и страста на брендот со својата неверојатна палета на скапоцени камења.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМагичниот свет на бравурата на виртуозот Бојан Илкоски
Следна објаваНова H&M колекција „Непосредно пред да започне забавата“
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ