Иако деновиве се зборува дека Алесандра де Осма, сопругата на принцот Кристијан од Хановер, е најдобро облечената принцеза во Европа, а што сигурно ќе го видиме во годините кои доаѓаат, таа е всушност Беатрис Боромео, снаа на покојната Грејс Кели, најдобро стилизирана дама со сина крв.
Беатрис Боромео е италијанска новинарка со аристократско потекло и сопруга на Пјер Казираги, кој е син на принцезата Каролина од Монако и внук на познатата Грејс Кели.
Еволуцијата на нејзиниот стил започна кога Беатрис работеше како модел, а сега оваа модерна девојка со својот моден изглед ги остави зад себе познатите кралски дами Кејт, Меган и Летиција.
На нејзината венчавка во Монако, Беатрис носеше не една, туку четири венчаници: два со потписот на Валентино и два од куќата Армани Приве, што беше доволен знак за тоа каков моден познавач е. На црвениот тепих е забележлива наклонетоста на принцезата Беатрис кон балски тоалети кои благодарение на нејзината вродена софистицираност успева да ги истакне на највисоко ниво.
За поформални прилики често избира Џорџо Армани капути по мерка, додека во секојдневните комбинации често носи фустани од Алберта Ферети и Диор.
Во пресрет на ревијата на Диор, за пролет/лето 2021 година, парискиот бренд ја покани да стане амбасадорка на куќата, па во таа прилика видовме како изгледа кога Беатрис носи лежерен комбинезон во комбинација со тренди патики.
1. Таа е мајка. Заедно со нејзиниот сопруг, Беатрис има два сина: Стефан и Франческо.
2. Дипломирала на Ајви лига колеџ, посетувала некои од најдобрите училишта во светот, а кога магистрирала по новинарство, тоа го направила во 2012 година на Универзитетот Колумбија.
3. Таа е ќерка на гроф. Нејзиниот татко е Дон Карло Фердинандо Боромео, гроф од Арона, а нејзината мајка е грофицата Дона Паола Маркото.
4. Нејзиното семејство ги поседува острови. Нејзиното потекло вклучува некои од најпознатите Италијанци во светот. Нејзиното семејство е многу богато и ги поседува поголемиот дел од Боромејските острови, кои се наоѓаат во езерото Маџоре.
5. Таа е атеист. Иако е во сродство со кардиналот на Римокатоличката црква, кој подоцна беше прогласен за светец, Беатрис се смета себеси за атеист.