Валентино ги истражува блескавите текстури и светлите нијанси на оваа празнична сезона …
Дизајнерот Пјерпаоло Пичоли ја претстави новата колекција на Валентино „Парти“, која на нов начин ги редизајнира и ги претставува кодовите на познатиот бренд.
Полна со блескави искри и живи вечерни изгледи, кампањата на Валентино е наменета за смелите и позитивни жени кои го слават секој момент, облечени во облека и модни додатоци со потписот на Валентино Гаравани.
Сите монистри и бои ги истакнуваат радосните и празнични вибрации на сезоната, а италијанскиот бренд дава се од себе да ги прослави празниците на најпозитивен начин.
Сјајните текстури и светлите нијанси го нагласуваат радосниот став на колекцијата и духот на празниците. Кампањата ја сними модниот фотограф Пјетро Коко, додека манекенките во рекламната кампања ги нагласуваат препознатливите нитни на чантите, акцентите на тантелата, металик допирите, многу гламур и многу сјај.
СПОДЕЛИ
Претходна објаваАбу Даби наскоро ќе го отвори наголемиот аквариум на светот
Следна објава6 трендови со чија помош ќе бидете најдобро облечената личност во секоја просторија
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ