Синди Брунa, Бела Хадид и Ники Мекгваер се ѕвездите на новата празнична кампања MICHAEL Michael Kors Holiday 2021.
Гламурот и патувањето се во центарот на вниманието во кампањата MICHAEL Michael Kors Holiday 2021. На рекламните фотографии направени од Шон Томас, на прекрасните девојки, Синди, Бели и Ники, им се придружуваат ѕвездите на социјалните мрежи, Бретман Рок, Лори Харви и Тина Лиан.
Кампањата е снимена во хотелот TWA, на аеродромот JFK, како и во салонот на покривот на The Skylark каде девојките презентираат стајлинзи кои се идеални за забавите кои претстојат. Дизајните вклучуваат паф јакни, фустани со монистри и беспрекорно скроени блејзери. Модерните комбинации на облека се надополнети со главните чанти на брендот – моделите Karlie Satchel, SoHo и Greenwich.
„Оваа празнична сезона, навистина сакавме да го доловиме срцето на празниците: да патуваме и да прославиме со саканите кои толку многу ни недостасуваа“, вели Мајкл Корс. „И има ли подобар начин да се направи тоа отколку со споделување луксузни подароци и обиколка на градот, изгледајќи фантастично додека сте во движење?
Сите заслужуваме малку дополнителна радост, љубов и гламур оваа сезона“.